Баерн Минхен е многу блиску да постигне договор за трансфер на 17-годишниот канадски репрезентативец, Алфонсо Дејвис. Крилниот напаѓач за кој беа заинтересирани неколку европски гиганти, роден е во бегалски камп во Гана. На петгодишна возраст со своите родители се преселил во Канада, прво во Онтарио, а потоа во Едмонтон.
Благодарение на неговиот вонсериски талент, младиот Дејвис бил вклучен во програмата на канадскиот младински национален тим.
Тој досега настапуваше за тимот на Ванкувер, а вече е извесно дека летово ќе се пресели во Европа. Од раководството на канадскиот клуб потврдија дека преговараат со Баерн Минхен, а фактот што Алфонсо Дејвис не е ставен во составот на тимот за следниот натпревар е показател дека трансферот е пред реализација.
Според „Билд“ од Ванкувер за новата фудбалска ѕвезда бараат 12 милиони долари и плус 6 милиони долари како бонуси и 15 проценти од следната продажба на фудбалерот.
Алфонсо Дејвис во професионалниот фудбал дебитираше на 15 годишна возраст, а веќе има и шест настапи за репрезентацијата на Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА