Баерн Минхен нема намера да се раздели од Михаел Олис без разлика колкава понуда ќе добие за францускиот репрезентативец во текот на летниот преоден рок.
Ставот на баварскиот гигант е уште еднаш повторен откако Олис блесна и на првиот четвртфинален дуел од ЛШ против Реал Мадрид, по што се јавија информации дека токму „кралевите“ се подготвени да платат 200 милиони евра за да го доведат Французинот на „Сантијаго Бернабеу“.
„Веќе го кажавме ова, но ќе повториме уште еднаш. Михаел Олис е фудбалер на Баерн, има уште неколку години од договорот, ние сме пресреќни од него и немаме намера да го продадеме. Колкава ќе биде понудата е најмалку важно, нашиот одовор ќе биде ист. Не 200 милиони евра, и некој да понуди 250 милиони и да сака да го направи Олис најскап фудбалер во светот, тоа нема да се случи“, јасен е ставот на управата на Баерн, пренесен од германските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

