Баерн Минхен го продолжува сопствениот тренд да го собира најдоброто од Бундес-лигата откако баварскиот гигант го договори трансферот на Џулијан Брант од Баер Леверкузен. За услугите на Брант се интересираа и Атлетико Мадрид, Ливерпул и Милан, но баварците уште еднаш реагираа на вистински начин – нудејќи многу повеќе пари од сите останати, за веќе во април да го осигураат трансферот на 20-годишниот крилен офанзивец.
Според весникот „Билд“, сите детали од трансферот се договорени откако германскиот првак понудил 30 милиони евра, што е за десет милиони повеќе од понудите на останатите заинтересирани клубови. Тиражниот германски весник информира и дека самиот фудбалер веќе се пофалил на своите најблиски дека трансферот е комплетиран и дека во следната година ќе настапува на „Алијанц арена“.
Баерн Минхен веќе го договори и доаѓањето на Суле и Руди од Хофенхајм по завршувањето на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА