До новата победа во Бундеслигата и до зацврстување на првото место на табелата, Баерн Минхен дојде од белата точка дури во второто полувреме на тешкото гостување во Менхенгладбах.
Баерн Минхен имаше доминација, но никако не успеваше еден час да го најде патот до мрежата на домаќинот. Од друга страна Менхенгладбах не успеа да упати ниту еден удар кон голот на Нојер во текот на целиот меч.
Во 68. минута Баерн ја искористи големата шанса која му беше доделена. Урлих фаулираше во својот шеснаесетник, со што гостите добија пенал кој го реализираше Кејн со прецизен и силен удар.
До крајот на мечот и двата тима со шанси, особено „Баварците“ кои можеа да дојдат до 0-2, но Николас на голот на Борусија беше чудесен и го држеше својот тим во „живот“ до крајот, но не успеаја неговите соиграчи да дојдат до бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

