Баерн одби Мората да биде замена за Левандовски

Напаѓачот на Атлетико Мадрид бил понуден на Баерн Минхен како замена за Роберт Левандовски, кој е пред заминување во Барселона. Пред неколку недели бил понуден на тимот од Минхен, меѓутоа тој одбил да разговара за ангажман на шпанскиот голгетер.

Баерн смета дека Мората не е доволно квалитетен да го замени Полјакот на „Алијанц Арена“, а исто така верува дека на крајот Левандовски ќе остане во Минхен.

Мората сега повеќе не е играч на Јувентус, откако тимот од Торино не го ангажираше, и по завршувањето на позајмицата го врати во Атлетико Мадрид.

Се вчитува...