Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер изјави дека неговиот тим ги приведува пред крај преговорите со Ралф Рангник кој од следната сезона се очекува да биде нов тренер на баварскиот тим.
Томас Тухел и дефинитивно го напушта клубот, а Рангник, кој во моментов е селектор на Австрија, потврди дека преговара со тимот од Минхен.
„Рангник има извонредни вештини за развој на играчите и тимовите. Се што слушнавме за репрезетацијата на Австрија под негово водство е навистина позитивно. Преговорите со него одат во позитивна насока. Ако се договориме, ќе биде навистина добро решение за нас“ – изјави Херберт.
Германските медиуми, пак, информираат дека Баерн до крајот на неделава се очекува дека Рангник и официјално ќе биде новиот тренер на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА