Борусија Менхенгладбах го совлада Баерн Минхен со 2-1 и се зацврсти на првата позиција на табелата во Бундес-лигата. Баварскиот тим поведе со голот на Иван Перишиќ во 49.минута, но Борусија Менхенгладбах израмни преку дефанзивецот Рами Бенсебаини во 60.минута. Во судиското продолжение беше досуден пенал за домашните, успешен реализатор беше повторно Рами Бенсебаини за голем триумф на Борусија Менхенгладбах и водечка позиција со 31 бод.
Лајпциг има бод помалку на второто место, откако го совлада Хофенхајм со 3-1, со двата гола на Тимо Вернер и погодокот на Сабицер.
„Милионерите“ беа убедливи во дуелот со Фортуна Диселдорф и славеа со 5-0. Марко Ројс го 42.минута го скрши отпорот на гостите, а во вториот дел стрелаа и Торган Азар, Џејдон Санчо двапати и повторно Марко Ројс.
Фрајбург со 1-0 го совлада Волфсбург, додека Аугсбург беше поуспешен од Мајнц со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА