Нико Ковач се соочи со нов проблем за време на репрезентативната пауза откако тренерот на Баерн Минхен остана без помошта на Леон Горецка.
Германскиот репрезентативец поради повреда ги пропушти првите бундеслигашки средби, но се чинеше дека за време на оваа пауза ќе го санира проблемот и ќе му се стави на располагање на Ковач. Сепак, тоа не се случи, па баварскиот гигант одлучи Горецка да замине на операција за проблемот конечно да биде разрешен и офанзивниот играч за врска потоа да може максимално подготвен да го дочека клучниот дел од сезоната.
Во клупското соопштение не е наведена должината на паузата, но се прогнозира дека Ковач најмалку 20 дена нема да може да смета на овој фудбалер. Ова значи дека Горецка ќе го пропушти претстојното дерби против Лајпциг, како и отворањето на новата сезона во ЛШ, во кое Баерн ќе се сретне со Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА