Баерн остана со празни раце: Нагелсман го продолжи договорот со Германија

Официјално, Јулијан Нагелсман ќе остане селектор на Германија и после ЕП 2024, откако денеска потпиша нов договор со германската федерација до 2026 година. Тој ќе ја води селекцијата најмалку до крајот на Мундијалот до 2026 година.

Со тоа извиси Баерн Минхен, кој се надеваше дека ќе може да го врати на клупата откако следната сезона ќе остане без тренер, по заминувањето на Томас Тухел.

„Ова е одлука со срце. Голема чест е да бидам селектор на националниот тим. Ние можеме да ја инспирираме земјата“, рече Нагелсман по потпишувањето на новиот договор.

Се вчитува...