Баерн Минхен останува на шест бода заостанување зад Борусија Дортмунд и по 19. коло од Бундес-лигата, откако актуелниот првак рутински го доби денешниот дуел со Штутгарт со 4-1.
Гостите создадоа проблеми на „Алијанц арена“ само во првото полувреме, кога со прекрасниот погодок на Донис израмнија на 1-1. Работите станаа полесни за Баерн откако Гентнер си постигна автогол, по што Горецка и Левандовски ги поставија конечните 4-1.
За одбележување е дека Левандовски можеше уште еднаш да се запише меѓу стрелците, но при резултат 2-1 во 65. минута не реализираше пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА