Баерн Минхен со победа го почна вториот дел од сезоната во Бундеслигата, веднаш најавувајќи дека нема така лесно да се откаже од трката за шампионската титула со Борусија Дортмунд. Баварците во првиот натпревар од 18. коло во шампионатот славеа на гостувањето против Хофенхајм со 1-3.
Триумфот на Баерн го донесе Горецка со двата погодоци уште во првото полувреме, во 34. и во 45. минута. Домашните со голот на Шулц во 59. минута намалија на 1-2, за да конечните 1-3 ги постави Левандовски во 87. минута.
По оваа победа Баерн Минхен, сега со 39 бода, е на само три бода од водечката Борусија Дортмунд која утре гостува на Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА