Баерн Минхен го продолжува походот кон титулата во Бундес-лигата откако баварскиот гигант славеше со 4-1 на вечерашниот дуел со Борусија Менхенгладбах, петти триумф во низа на шампионот на германската фудбалска сцена.
Оваа беше е уште позначајна ако се знае дека Хари Кејн поради ситна повреда не настапи за Баерн, тренерот Компани се реши да стартува и без Олис и уште неколку првотимци, но тоа не се одрази врз доминацијата на теренот и конечниот исход на натпреварот.
Луис Дијаз со прекрасен погодок го отвори резултатот на „Алијанц Арена“, на 2-0 пред самиот крај на полувремето зголеми Лаимер, а во вториот дел меѓу стрелците се запишаа и Мусиала и Џексон.
Единствениот погодок за гостите од Менхенгладбах беше дело на Мохија во 89. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

