Баерн Минхен ги почна преговорите за трансфер на еден од најталентираните германски фудбалери, Флоријан Вирц. Тимот веќе почнал преговори со Баер за потпишување на 22-годишниот играч од средниот ред.
„Баварците“ имаат план да го завршат овој трансфер пред почетокот на Светското клупско првенство. Баер со сите сили ќе се обиде да го задржи Вирц, и за него ќе бара 150 милиони евра.
Претходно беше објавено дека Баерн ќе тргне со сума од 100 милиони евра за играчот од средниот ред. Самиот Вирц истакна дека сака да оди во Баерн Минхен, односно не сака да биде дел од Реал Мадрид засега, со оглед дека и Чаби Алонсо сака да го поведе со себе на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

