Германскиот првак Баерн Минхен денеска стартуваше со летните подготовки за новата фудбалска сезона, а тренерот Карло Анчелоти на ја отфрли можноста клубот да реализира мегатрансфер до крајот на летниот преоден рок. Голема желба на баварскиот клуб е Алексис Санчез, чилеанскиот интернациоалец кој е член на Арсенал.
„Имаме пет нови фудбалери, но, летниот преоден рок допрва ќе се вжештува. Нема да правиме „луди трансфери“, затоа што Баерн Минхен не е таков клуб, но доколку има можност, секако дека ќе се обидеме да доведеме уште едно квалитетно засилување. Задоволен сум од играчкиот кадар, но за врвни фудбалери секогаш има место во Баерн Минхен“, изјави Карло Анчелоти.
Томас Милер, Матс Хумелс, Франк Рибери, се појавија уште на првиот тренинг во новата сезона, а дел од фудбалерите како Артуро Видал, Џошуа Кимик, ќе се приклучат подоцна, со оглед дека имаат репрезентативни обврски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА