Горецка заминува од Баерн Минхен по завршување на сезоната

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, потврди клубот од Баварија.

Горецка после осум години ќе го напушти клубот од Минхен, со кого ги освои сите можни трофеи. Тој во минатото играше за Шалке и Бохум. Горецка има и 67 настапи за репрезентацијата на Германија, но во последно време за него нема место во екипата.

За 30-годишниот Горецка и во овој преоден рок имаше шпекулации дека ќе си замине, но на крајот се реши да остане во Баерн до крајот на договорот, а потоа да бара нова средина.

Се вчитува...