Баерн потврди: Нубел од јули на „Алијанц Арена“

Александер Нубел и дефинитивно на крајот од оваа сезона ќе го напушти Шалке и ќе се пресели во Баерн Минхен, откако баварскиот гигант официјално објави дека постигнал договор за петгодишна соработка со овој талентиран голман.

Баварците се во потрага по долгорочен наследник на Мануел Нојер, а Нубел исто како и сегашниот голман на Баерн, ќе пристигне од редовите на Шалке. Тој ја одби понудата за нов договор, па од 1 јули како слободен играч ќе му се приклучи на најтрофејниот германски клуб.

„Баерн Минхен ќе потпише договор со Александер Нубел почнувајќи од сезоната 2020/21, откако деталите беа договорени во претходните денови. Овој 23-годишен голман е под договор со Шалке до 30 јуни, по што на 1 јули ќе дојде во Минхен како слободен играч. Тој ќе потпише петгодишен договор“ – објави Баерн преку официјално соопштение.

 

Се вчитува...