Баерн Минхен попладнево и официјално го официјализираше она за што германските медиуми шпекулираа повеќе од еден месец – двоецот на Хофенхајм Никлас Сулe и Себастијан Руди по завршувањето на оваа сезона ќе се пресели на „Алијанц Арена“.
За услугите на 21-годишниот Суле, кој важи за суперталентиран дефанзивец, се интересираа и Челси и Манчестер јунајтед, но баварскиот гигант успешно ги финализираше преговорите со Хофенхајм и излезе како победник во трката по германскиот репрезентативец. Тој потпиша договор до 2022 година, додека Руди, кој најверојатно ќе биде резервна варијанта во тимот, потпиша тригодишен договор со Баерн.
„Презадоволни сме од ангажманот на Суле и на Руди, со доведувањето на двајца германски фудбалери инвестираме во иднината на нашиот клуб. Руди доаѓа како слободен играч по истекот на договорот со Хофенхајм, додека за ангажманот на Никлас Суле договоривме фер и сериозна сума како отштета што ќе му ја платиме на неговиот досегашен клуб“ – изјави Карл-Хајнц Румениге.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА