Баерн Минхен продолжува да чекори кон нова титула во Бундес-лигата откако баварскиот гигант славеше на дуелот против Холштен Кил со 4-3. Баварците делуваа доминантно во голем дел од натпреварот, поведоа и со 4-0 преку Мусиала, Кејн (два гола) и Гнабри, но потоа дојде до голем пад во играта на фаворитот. Холштен Кил намали на 4-1, а потоа аутсајдерот даде уште два гола во судиското продолжение за нервозна завршница во која Баерн сепак ја задржа предноста.
Борусија Дортмунд ја прекина серијата од четири меча без победа отккао „милионерите“ триумфираа со 1-2 на гостувањето против Хајденхајм. Гираси и Бајер беа стрелци на головите со кои тимот од Дортмунд стигна до цел плен на овој натпревар и најави излез од големата резултатска криза.
Штутгарт врза два порази во серија откако „швабите“ на домашен терен загубија од Борусија Менхенгладбах со 1-2, меч на кој што домаќините во 95. минута постигнаа израмнувачки гол, но беше поништен поради пасивен офсајд пред голманот на Борусија.
Резултати Германија:
Хајденхајм – Борусија Д. 1-2, Баерн М. – Х. Кил 4-3, Сент Паули – Аугсбург 1-1, Бохум – Фрајбург 0-1, Штутгарт – Борусија М. 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА