Баерн притиска за Тео, Милан ја спушти цената

Баерн Минхен ги продолжува преговорите со Милан за трансферот на Тео Хернандез, во кого баварскиот гигант гледа идеален наследник за Афонсо Дејвис. Канадскиот офанзивен бек е блиску до преселба во Реал Мадрид за сума од 40 милиони евра, a управата на клубот гледа на Тео Хернандез како на одлична замена за Дејвис.

Тренерот Компани го бара Зинченко од Арсенал, но украинскиот репрезентативец засега е „план Б“ за позицијата лев бек, а приоритет е ставен на преговорите со Милан. Уште повеќе што италијанскиот гигант покажа знак на добра волја – спуштајќи ја цената што ја бара за еден од своите најдобри фудбалери. „Росонерите“ досега инсистираа дека Французинот не може да си замине за помалку од 100 милиони евра, но според последните информации сега цената на Хернандез е намалена на 80 милиони евра.

Баерн би требало да добие околу 40 милиони евра од Реал за Дејвис, па баварците настојуваат уште малку да ја намалат цената. Кај двете страни постои оптимизам дека ќе биде постигнат договор пред почетокот на ЕП 2024, со што Баерн би решил сериозен проблем во тимот за наредната сезона, а Милан би обезбедил буџет за со парите од левиот бек да доведе неколку нови фудбалери во своите редови.

Се вчитува...