Баерн Минхен направи уште еден чекор кон рана прослава на шампионската титула, триумфирајќи со 6-0 над Хамбургер. Гостите се наоѓаат во голема криза и не најдоа начин да го запрат шампионот, кој за дваесетина минути ги разреши сите дилеми поведувајќи со 3-0 (два гола на Левандовски, еден на Рибери). Вториот дел повторно мина во знакот на баварскиот гигант, па Робен и Рибери набрзина зголемија на 5-0. Левандовски имаше идеална шанса за хет-трик, но полскиот ас не го искористи пеналот досуден за Баерн во 86. минута. Само три минути подоцна беше досуден нов пенал за Баерн, повторно Левандовски ја зеде топката, овојпат беше прецизен за свој 23. погодок во Бундес-лигата сезонава и конечни 6-0 на „Алијанц арена“.
Јуп Хејнкес се соочи и со неочекуван проблем, откако Толисо само дваесетина минути по влегувањето во игра се пожали на повреда и мораше да биде заменет, па францускиот играч за врска ќе ги пропушти следните неколку натпревари на баварскиот гигант.
Битка за опстанок до крајот на сезонава го очекува и Волфсбург, откако оваа екипа загуби со 2-0 на гостувањето против Хофенхајм. Домаќините одиграа поквалитетно и заслужено триумфираа со погодоците на Шулц и на Гнабри.
Резултати Германија:
Хофенхајм – Волфсбург 3-0, Хановер – Аугсбург 1-3, Херта – Фрајбург 0-0, Баерн Минхен – Хамбургер 6-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА