Кошаркарите на Баерн успеаја некако по голем пресврт да дојдат до победа против Будуќност од 93-88 во 15. коло од Евролигата.
Германците се мачеа со црногорскиот тим имаа негатива на полувремето и од 11 поени, но на крајот успеаја некако со одлична игра во второто полувреме да дојдат до победата.
Најефикасен во победничкиот тим беше Дерик Вилијамс со 21 поен, а 14 поени и три асистенции имаше Брејдон Хобс. Кај Будуќност не помогна ниту извонредна партија на Норис Кол кој мечот го заврши со 27 поени и шест асистенции.
Во последниот натпревар во Евролигата вечерва, Гран Канарија пред своите навивачи славеше против Жалгирис со 73-66. Победничкиот тим го предводеше Ксавиер Рабаседа со 15 поени и 8 скока, а во гостинскиот тим најефикасен беше Артурас Милакнис со 13 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА