Баерн се мачеше со Сент Паули, Менхегладбах го реши Лајпциг (ВИДЕО)

Во интересно попладне во 27. коло од Бундеслигата, Баерн Минхен повторно ја задржа предноста на врвот од табелата по триумфот од 3-2 против Сент Паули.

Бавараци се мачеа, понеизвесно од очекувањата, против еден од најслабите тимови во лигата но успеаја да дојдат до триуте бода и покрај неизвесната завршница.

Хари Кејн во 17. минута донесе водство од 1-0, но гостите пред полувреме преку Сад израмнија на 1-1. Во второто полувреме, со два погодоци на Сане домашните поведоа со 3-1, а на крај Сент Паули само го ублажи поразот со голот на Рицка во судиското продолжение.

Во дербито на колото, Менхенгладбајх, пак, славеше со 1-0 против Лајпциг но доволно за важни три бода.

Победата на Менхенгладбах ја донесе Плеа со голот во 56. минута од средбата.

РЕЗУЛТАТИ – БУНДЕСЛИГА (27. КОЛО)

Менхенгладбах – Лајпциг 1-0

Баерн Минхен – Ст. Паули 3-2

Хофенхајм – Аугсбург 1-1

Холштен Кил – Вердер Бремен 0-3

Волфсбург – Хајденхајм 0-1

Се вчитува...