Баерн се подготвува за „живот“ без Нојер: Одбрана новата „единица“

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер би можел по завршувањето на сезоната да ја заврши својата кариера. 40-годишниот чувар на мрежата има договор до крајот на сезоната, и лесно може да се случи да ги закачи ракавиците на клин, и да се пензионира.

Своевидната легенда не одлучил што ќе прави, но според потезите на Баерн, може да се заклучи дека неговата ера е веќе завршена. Следната сезона нова „единица“ ќе биде Јонас Урбиг, голманот кој во моментов го чува голот на гигантот од Минхен, во отсуство на Нојер поради повреда.

Според дел од германските медиуми, постои можност Нојер и да си замине, но да ја продолжи кариерата во САД.

Нојер дојде во Баерн во 2011 година од Шалке, и стана икона на баварскиот клуб, и еден од најдобрите голмани на сите времиња. Го носеше дресот на Баерн 589 пати, освојувајќи ги сите можни трофеи.

Се вчитува...