Трансферот на Николас Џексон од Челси во Баерн Минхен кој беше договорен пропадна во последен момент откако на натпреварот против Фулам повреда заработи новото засилување во нападот, Лијам Делап.
Џексон кој веќе беше во Минхен мора да се врати назад во Лондон на големо незадоволство и кај фудбалерот и кај раководството на Баерн Минхен кое е и помирено со пропаднатиот трансфер за кој говореше директорот Макс Еберл.
„Не сме во позиција да правиме потези. Им кажавме на играчот и на агентот да се вратат во Лондон, тој е фудбалер на Челси. Ќе најдеме решение до крајот на преодниот рок“, изјави Еберл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

