Баерн се повлече, Чави Симонс останува во Лајпциг

Чави Симонс и во следната сезона ќе биде соиграч на нашиот Елиф Елмас во Лајпциг, откако управата на овој клуб успеа да излезе како победник во трката по холандскиот плејмејкер.

Симонс се врати назад во ПСЖ по успешната позајмица во Лајпциг, по што се најавуваше дека неговиот трансфер во Баерн Минхен е речиси завршена работа. Сепак, баварците во меѓувреме ги сменија приоритетите, насочувајќи се кон Дуе од Рен, кој би требало да биде речиси двојно поевтин од Симонс. Целата ситуација ја искористија челниците на Лајпциг, кои во последните 48 часа имаа неколку успешни разговори со „светците“ на оваа тема.

Се уште не е постигнат целосен договор, но во Лајпциг се оптимисти дека тоа ќе се случи на крајот на оваа седмица, решавајќи значајно прашање за изгледот на ростерот за наредната сезона. Останувањето на Симонс ќе значи и дефинитивно заминување на Дани Олмо, па се очекува во текот на следната седмица да се интензивираат преговорите со Барселона за преселбата на шпанскиот репрезентативец на „Камп Ноу“.

Се вчитува...