Баерн Минхен стигна до лесен триумф од 1-3 на гостувањето кај Вердер Бремен во натпревар од 25. коло во германската Бундеслига. Гостите поведоа со голот на Леон Горецка во 22. минута, а до крајот на првиот дел веќе беше и 0-2 откако во 35. стрелаше и Гнабри. Во вториот дел на 0-3 зголеми Левандовски во 67. минута, додека конечните 1-3 ги постави Фулкруг во 86.
Волфзбург ја продолжи агонијата на Шалке 04, совладувајќи го тимот од Гелзенкирхен со 5-0. Шкодран Мустафи со автогол го отвори резултатот во 32. минута, а стрелци за Волфзбург беа и Вегорст, Баку, Брекало и Филип.
РЕЗУЛТАТИ БУНДЕСЛИГА 25. КОЛО:
Мајнц – Фрајбург 1-0
Унион Берлин – Келн 2-1
Вердер – Баерн 1-3
Волфзбург – Шалке 5-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

