Баерн се спаси од голем срам во Купот на Германија

Баерн Минхен по голема битка успеа да го елиминира Бохум со 1-2, благодарение на пресвртот во последните десет минути на избраниците на Нико Ковач.

Хрватскиот стратег се реши за комбиниран состав, но тоа му се одмазди откако Бохум поведе со автоголот на Дејвис. Во игра во второто полувреме влегоа Левандовски, Кутињо и Милер, но на гол на Баерн се чекаше до 84. минута.

Најпрвин Гнабри успеа да го израмни резултатот на 1-1, пред Томас Милер во 89. минута да го спаси актуелниот првак на Германија од голем срам во националниот куп.

Се вчитува...