Баерн Минхен не се откажува од намерата да го ангажира Лирој Сане, па челниците на баварскиот гигант веќе и официјално почнале преговори со Манчестер Сити за доведување на германскиот репрезентативец на „Алијанц Арена“.
Неодамна беше објавено дека сумата од 100 милиони евра што ја бараат „граѓаните“ ги натерала челниците на Баерн да се повлечат, но последните информации говорат дека директорот Салихамиџиќ почнал сериозни преговори за во следните седум дена да го осигура потписот на Сане. Првата понуда на баварскиот гигант ќе изнесува 90 милиони евра, сума што во Баерн се надеваат дека ќе биде доволна за да го осигураат овој мегатрансфер.
За потсетување, германскиот првак е во потрага по врвни засилувања за крилните позиции откако Арјен Робен и Франк Рибери летово си заминаа од „Алијанц Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА