Баерн се „заштитува“: Нови договори за Дејвис, Сане и Мусиала

Баерн Минхен размислува за иднината на некои од своите главни играчи, па така ќе им предложи нови договори. Овој потег доаѓа по интересот на големите клубови како Реал Мадрид за Алфонсо Дејвис.

Токму на Дејвис, заедно со Сане ќе им биде понудено продолжување на соработките. Нивните договори истекуваат во 2025 година. Германскиот репрезентативец Сане во моментов игра во голема форма. Во моментов тој заработува 20 милиони годишно, а се претпоставува дека ќе има подобрување на неговите финансии, и израмнување на платата со Кејн кој зема 25 милиони евра годиншно.

За Дејвис има сериозен интерес од Реал, па Баерн сака да се „заштити“ од нападите со нов договор. Канаѓанецот се двоуми дали да го продолжи договорот, или да азамине во друга средина. Дејвис заработува околу 7 милиони евра, и се чини дека сега неговата плата ќе биде дупкирана.

Ќе биде неизвесна состојбата со ветераните Милер и Нојер. И на двајцата договорите им се до 2024 година. Милер веќе не е меѓу главните играчи на „Баварците“, а Нојер, пак, и натаму не е на голот после тешката повреда во јануари. Најверојатно на двајцата ќе им бидат понудени нови едногодишни договори.

Исто така Баерн сака да ја обезбеди иднината на Мусиала. Тој има договор уште три години, но „Баварците“ планираат да му ја зголемат платата од 8 милиони на 12, за нов договор.

Се вчитува...