Баерн Минхен доживеа дебакл во Купот на Германија. Третолигашот Сарбрикен направи сензација и го исфрли најтрофејниот германски клуб. Натпреварот почна според планот за „Баварците“, поведоа, но со пресврт третолигашот ја направи една од најголемите сензации во историјата на Купот на Германија.
Меѓутоа Баерн покрај натпреварот, клубот загуби и еден од клучните играчи од одбраната. По еден дуел Ди Лихт се сруши на тревата, и според првите прогнози настрада неговото колено, по што најверојатно се очекува да паузира шест недели.
И покрај тоа што пред неколку недели „Баварците“ објавија дека нема да потпишат со Џером Боатенг кој тренира со својот поранешен тим, сепак, сега се премислуваат. Поради проблемите во одбраната, може да посегнат по 35-годишниот ветеран. Згора на тоа Баерн има проблеми со повредениот Дајот Упамекано, па Тухел ќе мора да ангажира некој слободен агент. Еден од нив е и Боатенг.
Пред неколку недели во опција беше Сократис Папастатопулос, но тој во меѓувреме потпиша за Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

