Баерн Минхен славеше со 1-2 на гостувањето против Андерлехт, но Јуп Хејнкес сега се соочува со сериозни проблеми околу играчкиот кадар по повредите што ги заработија Тијаго Алкантара и Арјен Робен на дуелот во Брисел.
Алкантара се повреди пред крајот на првото, а Робен на самиот старт од второто полувреме, при што двајцата фудбалери веднаш побараа да бидат заменети. Првичниот впечаток е дека ќе следи пауза од најмалку дваесетина дена, што ќе значи пропуштање на дуелот од шестото коло со ПСЖ, но и неколку значајни натпревари во Бундес-лигата.
Само за потсетување, Хејнкес се уште не може да смета ниту на Рибери и Милер, така што е јасно дека опциите на тренерот на Баерн за следниот натпревар во домашното првенство, незгодното гостување против Борусија Менхенгладбах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА