Мануел Нојер , Јонас Урбиг и Свен Улрајх се повредени, што би можело да му отвори врата на 16-годишниот Леонард Прескот да се најде во првиот тим на Баерн Минхен. Се очекува младиот играч да го има своето деби во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Аталанта во среда. Тоа ќе биде негово деби во првиот тим.
Прескот тогаш би имал точно 16 години и 176 дена. Тоа би го направило четири години помлад од Нојер кога го направил своето деби и две години помлад од најмладиот голман на Баерн , Свен Шојер, кој играл за тимот од Минхен во 1989 година на 18-годишна возраст.
Прескот ќе стане и најмладиот голман во историјата на Лигата на шампионите, и осмиот најмлад игра во најелитното европско клупско натпреварување.
Теоретски, Јонас Урбиг би можел да биде подготвен за натпреварот во среда. Тој заработи потрес на мозкот на првиот меч против италијанскиот тим, и веројатно нема да го ризикува настапот, со оглед дека пласманот во 1/4 финалето е изведен, со оглед дека „Баварците“ имаат предност од 1-6 по првиот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

