Баерн со објаснување за Кансело: Во последно време не е како што очекувавме

Спортскиот директор на Баерн Минхен, и човекот задолжен за трансферите во клубот, зборуваше за ситуацијата со Жоао Кансело. Во германските медиуми многу се шпекулира дека Португалецот не сака да комуницира со никој и веќе им носи проблеми на „Баварците“ по доаѓањето од Манчестер Сити, иако одлично тргна во дресот на германскиот првак.

Според Салихамиџиќ, Кансело го загуби местото во екипата поради се послабите изданија на тренинзите и на натпреварите, а Нагелсман предност му дава на младиот Хрват Станишиќ, кој одигра одлично како стартер и на последниот меч од ЛШ против ПСЖ.

Во првите четири мечи за Баерн, Кансело забележа две асистенции, но во последните неколку меча одигра само 18 минути.

„Во последно време Жоао не тренира и не игра онака како што очекувавме. Ние сме во постојана комуникација со него. Го разбирам, но тој е многу важен играч и ќе биде важен во иднина“, изјави Салихамиџиќ.

Се појавија шпекулации дека Баерн нема да го откупи од Сити, и дека ќе го врати во Англија по завршувањето на позајмицата.

Се вчитува...