Менаџерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, дава изјава за медиумите пред утрешното гостување кај РБ Лајпциг . Баварците се убедливи лидери во Бундеслигата и по победата од 3-1 над Келн минатата недела, го соборија рекордот за најдобра полусезона во нивната историја, претходно достигнување кое го држеше тимот на Пеп Гвардиола.
Компани ја објави долгоочекуваната вест за враќањет на Џамал Мусиала кој прави „кам-бек“ по тешката повреда на Светското клупско првенство.
„Ако се оди добро денеска, Мусиала ќе биде во комбинација утре. Тоа е одлично за него. Кимих исто така тренираше и тој може дури да почне од почеток“, рече Компани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

