Баерн со „петарда“ веќе стави една рака на титулата! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен славеа како гости против Сент Паули со 0-5, во натпреварот од 29. коло од Бундеслигата.

Актуелните шампиони се на еден чекор од одбрана на титулата и ќе им треба уште една победа во последните пет натпревари за да го сторат тоа. Сент Паули се бори за опстанок и моментално е на 16. место на табелата со 25 бода.

Предноста за тимот на Винсент Компани ја донесе Џамал ​​Мусиала веќе во 9. минута и тоа беше единствениот гол во првото полувреме.

Леон Горецка го зголеми водството во 53. минута, а Мајк Олисе постигна гол во 55. минута.

Николас Џексон „креира“ покер во 66. минута, а Рафаел Гереиро ја активира „петардата“ во 89. минута од натпреварот.

Баерн досега постигна 105 гола во сезоната, што е рекорд, а имаат уште пет натпревари за играње. Во следната рунда го пречекуваат Штутгарт, додека Сент Паули е домаќин на Келн во директна борба за опстанок.

Се вчитува...