Германскиот првак Баерн Минхен оствари планирана победа против Аугсбург на гости со 2-3. До триумфот баварскиот тим дојде со пресврт.
Аугсбург поведе по 12 секунди со автоголот на Леон Горецка, а израмни Кингсли Коман. Но, Ји-Донг Вон повторно донесе предност за домаќинот. Коман не дозволи Баерн да губи на полувреме со голот во 45.минута.
Победничкиот погодок за Баерн Минхен го постигна Давид Алаба во 53.минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА