Баерн Минхен би можел да ги помати сметките на Борусија Дортмунд во ангажманот на левиот бек Ијан Матсен. Матсен во моментов е дел од „милионерите“ како позајмен играч од Челси, пружа одлични партии во дресот на Борусија, и затоа тимот од Дортмунд изрази желба да го ангажира со перманентен договор.
Сигурно дека предност има Борусија во ангажманот, меѓутоа ако Баерн излезе со подобра понуда, нема да биде ништо чудно ако Холанѓанецот го одбере Минхен како негова следна дестинација.
За Матсен нема место во првиот тим на Челси, затоа во изминатите две години беше испраќан на позајмици. Сега и самиот фудбалер најави заминување и крај на сагата со лондонските „сини“.
Освен Матсен, Борусија сака да го откупи и Санчо од Манчестер Јунјатед, кој исто така како позајмен игра во таборот на „милионерите“ до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА