Баерн тренира во хотел пред мечот со Херта (видео)

Баерн Минхен вечерва ќе и гостува на Херта во Бундес-лигата, а стравот од коронавирус е причината поради која избраниците на Ханси Флик утрово не тренираа на фудбалски терен, туку во хотелското лоби.

Истегнување и кратки вежби беа се што баварците можеа да направат во овој ограничен простор, па останува да се види како тоа ќе се одрази врз нивната игра на дуелот со берлинскиот бундеслигаш.

Баерн Минхен поради коронавирус нема да може да смета на двајца фудбалери за денешниот дуел, германскиот репрезентативец Леон Горецка и шпанскиот интернационалец Хави Мартинез.

Се вчитува...