Баерн триумфално и со Волфсбург, Лајпциг прокоцка предност од 0-3… (ВИДЕО)

Баерн Минхен продолжува со победите во германската Бундеслига, триумфирајќи со 3-2 против Волфсбург во 18. коло од шампионатот.

Баварците до предност дојдоа со голот на Горецка во 20. минута, но Амура во 24. минута успеа да израмни на 1-1.

Сепак, Олисе во 39. минута уште пред полувреме донесе предност за Баерн, а потоа Горецка со својот втор гол во 62. минута зголеми на 3-1. Конечните 3-2 ги постави Амура со голот во 86. минута.

Лајпциг имаше водство од 0-3 на гостувањето против Бохум уште по првото полувреме, но гостите дозволија три гола на домашните во вториот дел за конечни 3-3. Боаду со хет-трик за само 13 минути, од 48. до 61. минута донесе бод за Бохум.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана само на клупата за резервни фудбалер кај Лајпциг.

Штутгарт, пак, славеше убедлива победа од 4-0 против Фрајбург.

Се вчитува...