Баерн триумфално низ Мадрид, Арсенал во судиското продолжение славеше во Лисабон (ВИДЕО)

Баерн Минхен има предност од 0-1 по првото полувреме на дуелот против Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Баварците од самиот почеток покажаа дека дошле во Мадрид со желба за најдобар можен резултат пред реваншот.

Баерн имаше шанса преку Упамекано, направија серија напади, Гнабри во 26. минута не ја искористи грешката на Питарч, а потоа – гол.

Во 41. минута, Гнабри фантастично го помина Луис Дијаз, а Колумбиецот постигна гол за Германците да слават.

Само што почна второто полувреме, во 46. минута Хари Кејн веќе донесе и предност од 0-2 за Баерн Минхен.

Но, Килијан Мбапе, успеа во 74. минута да постигне гол на асистенција на Александер-Арнолд за 1-2 и внесување каква-таква неизвесност за реваншот во Минхен.

На вториот вечерашен натпревар од четвртфиналето, Арсенал триумфираше со 0-1 против Спортинг во Лисабон, благодарение на голот на Хаверц во првата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...