Не е навика Баерн Минхен панично да купува фудбалери во последниот ден од преодниот рок. Најпопуларниот германски клуб секогаш предвреме го решавал својот ростер, меѓутоа оваа година не е тоа случај. Токму „Баварците“ се најголеми губитници во последниот ден од преодниот рок.
Вакво нешто досега се нема случено со Баерн, да загуби дури четири нови планирани имиња во еден ден.
Португалецот Жоао Палињо дојде во Минхен, каде чекаше само потврда од Фулам за да потпише. Но, од Англија стигна непријатна вест, па така Палињо сега се враќа во Лондон. Фулам не успеа да му најде замена.
Претходно пропадна трансферот и на Тревоа Чалоба од Челси, кој требаше да биде замена за Павар. Армел Бела-Котчап исто така ги „откачи“ велејќи дека сака да игра за Борусија Дортмунд. Пропадна можноста и Жоао Кансело повторно да биде дел од „Баварците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

