Јулијан Дракслер е многу близу до камбек во германскиот фудбал откако Баерн Минхен искажа сериозен интерес за да го доведе овој фудбалер на „Алијанц арена“. Баварскиот гигант се интересираше за Дракслер и во претходните години, но тој се реши за интернационален предизвик и преселба во ПСЖ, што се покажа како огромна грешка.
„Светците“ веднаш по трансферот на Нејмар го ставија Дракслер на трансфер-листа, а понуди веќе испратија неколку екипи ширум Европа. Сепак, последните информации велат дека Баерн е подготвен да плати 40 милиони евра (колку што плати ПСЖ на Волфсбург во јануари, за што поскоро офанзивниот фудбалер да му се стави на располагање на Карло Анчелоти.
Дракслер одигра 25 натпревари во дресот на „светците“ од Париз, притоа постигнувајќи десет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА