Багери започнаа да го рушат „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Веднаш по завршувањето на сезоната започнаа градежните активности на легендарниот стадион на Барселона „Камп Ноу“. По тргањето на тревата сега започна и деломирањето на дел од стадионот кој примаше 99.354 посетители.

Реновирањето на стадионот се очекува да биде готово во текот на сезоната 2025/26, а но очекувањата се и дека фудбалерите на Барселона повторно ќе заиграат на него при крајот на 2024 година кога ќе биде пуштен во употреба во 70 отсто од можносите.

Дотогаш каталонскиот клуб домашните натпревари ќе ги игра на Олимпискиот стадион во Монтжуик.

Се вчитува...