Бах: Откажувањето на ЛОИ го разгледуваме како опција

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах истакна дека ЛОИ во Токио би можеле да бидат откажани доколку не се направат услови за нивно одржување следното лето.

„Не може во организацискиот одбор засекогаш да бидат вработени од три до пет илјади луѓе. Не можеме ниту спортистите да ги држиме во неизвесност. Затоа ги разгледуваме сите опции и мораме да бидеме подготвени. Сега сме посветени на тоа игрите да бидат одржани следното лето, но верувајте и нивно откажување е опција“, изјави Бах. 

ЛОИ во Токио требаше на програмата да бидат летово, но поради пандемијата од коронавирусот од ИОК одлучија да ги одложат за следната година.

Се вчитува...