Бахар ќе ја тужи Црвена Звезда за „емоционална болка“

Црвена Звезда скапо ќе ја чини авантурата со Барак Бахар на клупата, откако израелскиот стратег јасно стави до знаење дека нема намера мирно да ја прифати разделбата.

Тој се покажа како лошо тренерско решение за „црвено-белите“, управата неколку пати му укажуваше доверба, на крајот сепак му врачи отказ кон средината на декември, а генералниот директор Звездан Терзиќ тогаш изјави дека разделбата била пријателска, а клубот ќе продолжи да го плаќа Израелецот додека тој не најде нов ангажман.

Ситуацијата сепак е сосема поинакво, откако денеска стигна информација дека Бахар и неговиот прв асистент, Израелецот Гај Сарфати, испратиле писмо до УЕФА со кое најавиле дека во најскоро време ќе испратат тужба против актуелниот шампион на Србија.

Тие побарале помош од потпретседателот на ФС на Израел, Моран Меири, кој истовремено е и правен советник на Макаби Тел Авив. Во писмото двајцата израелски тренери тврдат дека биле незаконски отпуштени, жалејќи се на емоционална болка што ќе се обидат да ја наплатат со тужба до УЕФА. Воедно, Бахар и Сарфат тврдат дека воопшто не потпишале спогодба за раскин на договорот за да добијат надомест за предвремениот прекин на соработката, обелоденувајќи и дека им се должат плати од последните месеци во кои работеле за белградските „црвено-бели“.

Се вчитува...