Бахреин ги „испоти“ Швајцарците пред дуелот со Македонија

Домаќинот на контролниот турнир „Жолт куп“, репрезентацијата на Швајцарија потешко од очекуваното славеше на вториот меч на ова натпреварување против репрезентацијата на Бахреин со 33-30.

Репрезентативците на Бахреин му дадоа силен отпор на фаворитот и до самиот крај беа во игра за поволен резултат, но сепак искуството на Швајцарците на крајот пресуди за конечен триумф од 33-30.

Како и Македонија, така и Швајцарците славеа на своите два натпревари досега и токму утре против нашата репрезентација ќе играат за освојување на трофејот на овој подготвителен турнир. Натпреварот е закажан со почеток во 18 часот.

Се вчитува...