Баи беше „препотентен“, па тоа ја чинеше неговата репрезентација четвртфинале

Египет по изведување на пенали ја елиминираше Брегот на слоновата коска во осминафиналето од Африканскиот куп на нации. „Фараоните“ пенал рулетот го добија со 5-4, а трагичар за селекцијата на Брегот на слоновата коска беше фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ерик Баи.

Целата земја го нападна по мечот бидејќи асот на „црвените ѓаволи“ беше препотентен и при изведување на пеналот не зеде воопшто залет, што на крајот допринесе со промашување.

 

Се вчитува...