Бајден ќе го одликува Меси со орден за посебни заслуги

Претседателот во заминување на САД, Џо Бајден ќе му додели на Лионел Меси „Претседателски медал на слободата“, кој е највисокото цивилно признание во САД.

Како што се вели во соопштението на Белата куќа, Лионел Меси ќе биде дел од церемонијата каде покрај него уште 18 личности ќе го добијат признанието, како што се вели за тоа што ги направиле САД подобро место за живеење.

Лионел Меси во 2023 година дојде во Интер Мајами од редовите на Пари Сен Жермен, а годинава иако го освоија првото место во регуларниот дел од сезоната, прерано го завршија својот настап во плејофот во МЛС лигата.

 

Се вчитува...