Бајден попушти: Путин го доби трговецот со оружје во размена за кошаркарката Бритни Гринер

Конечно, заврши животната драма на Бритни Гринер, прославената американска кошаркарка која беше уапсена во Москва поради поседување на масло со марихуана. Таа нецели десет месеци во затвор во Русија, за американските власти конечно да го прифатат ултиматумот на Русија, во размена за Гритнер да го ослободат озлогласениот руски трговец со оружје, Виктор Бут.

Американската администрација на чело со претседателот Бајден долго одбиваше разговори на оваа тема, за денеска и официјално да биде извршена „размената на затвореници“.

Бут беше осуден на 25 години затвор поради обезбедување на опасни материјали за терористички организации во странство. Тој беше уапсен во 2008 година на Тајланд, а од пред неколку години се наоѓаше во затвор во САД.

Се вчитува...