ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Лук Стајнс е клучен играч на Холандија и на ова големо натпреварување, но подеднакво опасен за нас ќе биде и вториот играч на ПСЖ од таборот на „лалињата“, Дени Бајенс.
Одличниот бек имаше помала минутажа против Гвинеја успевајќи да постигне четири гола, но Бајенс е свесен дека неговата репрезентација ја очекува потешка задача на денешниот меч со Македонија.
„Не знаевме што да очекуваме од Гвинеја, имавме видеа од нив, но секогаш е опасно кога играте со вакви селекции со кои немате искуство. За среќа, добро ја одработевме задачата, славевме лесно и сочувавме дел од силите, па одморени ќе го дочекаме мечот со Македонија. Македонците дефинитивно ги знаеме подобро отколку африканската репрезентација, знаеме дека ќе ни биде многу потешко. Игравме со нив пред две години, тогаш победивме, но тоа не мора да значи ништо. Тие играат цврст ракомет и ќе мораме да бидеме на највисоко ниво ако сакаме да победиме“, истакна Бајенс во пресрет на денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

